Google Street View е достапен за iOS
Објавено на 05.10.2012 во iOs
Нема потреба да повторуваме дека новата апликација Apple Maps е големо разочарување, но затоа пак корисниците на iOS имаат можност преку интернет пребарувачот да пристапат до Google Maps, а отсега и до опцијата Google Street View.
Сеуште во App Store на Apple се нема појавенo аплиакција за мапи и навигација на Google, иако за тоа постоеа сериозни најави, но очигледно процесот е закочен меѓу двата најголеми гиганти во технолошкиот свет.
Затоа сите корисници на iPhone и iPad може слободно да пристапат до онлајн сервисот на Google, каде што неодамна е додадена опцијата Google Street View, но само да напоменеме дека се работи за основниот сервис, кој и онака е многу подобар од апликацијата Maps на Apple.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.