BlackBerry 10 со апликации од Android Jelly Bean

Објавено на 10.03.2013 во Новости



BlackBerry 10 со апликации од Android Jelly Bean

Веднаш по лансирањето на BlackBerry 10 беше познато дека платформата ќе подржува инсталирање на апликации за Android од Play Store, но нивната работа беше премногу бавна и со многу проблеми затоа што апликациите одговараа на интерфејсот на застарената верзија на Android 2.3 Gingerbread, но тоа наскоро ќе биде сменето.

 

Благодарение на примената на времето на активирање на апликациите и игрите кое е превземено од најновата верзија на Android Jelly Bean корисниците на BlackBerry 10 ќе имаат многу подобро искуство и поголема брзина на реакција без никакви кочења.
 
 
Самата платформа на BlackBerry 10 за почеток беше лансирана со 70.000 апликации кои во голем дел се наплаќаат со високи суми, така што ваквиот избор ќе биде одличен за секој што сака да му даде шанса на обновениот BlackBerry.