Дизајнери на Nokia прават смартфони со Jolla SailFish

Објавено на 12.03.2013 во Новости



Дизајнери на Nokia прават смартфони со Jolla SailFish

 

Компанијата Jolla Mobile која беше формирана од страна на отпуштените вработени на Nokia, подолго време неуспешно се труди да го лансира својот прв смартфон. Тие создадоа свој оперативен систем SailFish, а за дизајнот на нивниот прв смартфон ќе се погрижат изработувачите на E-серијата на мобилни телефони на Nokia.
 
 
Досега имавме можност да ја видиме нивната нова платформа OS SailFish, но без конкретен смарт уред кој би се појавил на пазарот, но тоа ќе се смени наскоро. До овој момент нема никакви официјални информации за спецификите на смартфонот на Jolla Salifish кој треба да се појави на пазарот до крајот на годината.
 
Дизајнерите на E-серијата на Nokia стојат зад навистина одлични смартфони во минато, па можеби ова е патот кој по кој навистина требаше да зачекори финската компанија во пост Symbian ерата, наместо со изборот на Windows Phone кој не ги даде посакуваните резултати.
Автор: Aleksandar Stankov