Nokia ја крена возбудата за новиот Lumia смартфон

Објавено на 14.05.2013 во Новости



Nokia ја крена возбудата за новиот Lumia смартфон

Пред официјалното претставување на новиот Lumia смартфон останува уште мал временски период, а Nokia како во старите добри времиња ја крева возбудата до максимум.

Тоа што ни е познато е дека ќе видиме нов Nokia Lumia смартфон за кој се знае дека ќе има ѕверска камера која убедливо ќе ја збрише конкуренцијата. Освен овој телефон може да претпоставиме дека Nokia има нешто што го чува како големо изненадување.

Nokia го стави медиумскиот фокус на Lumia 928 кој за почеток ќе се продава во САД и тоа ексклузивно за само еден оператор, најверојатно Verizon, но според последните информации за кратко доаѓа уште еден супер смартфон кој досега беше нарекува Nokia Catwalk.

Овој смартфон би требало да има промени во дизајнот бидејќи маската ќе биде изработена од алуминиум, како и нов четири-јадрен Qualcomm Snapdragon S4 процесор, а исто така се очекува да има супер квалитетна камера од 13 мегапиксели. Во продолжение погледнете го првото официјално видео за новиот Nokia Lumia.