Jolla го најави првиот SailFish смартфон како замена за Nokia

Објавено на 21.09.2013 во Новости



Jolla го најави првиот SailFish смартфон како замена за Nokia

Финската компанија Jolla беше формирана пред речиси две години од страна на поранешни вработени во Nokia кои работеа на сопствен оперативен систем MeeGo, но проектот беше откажан и наместо тоа се склучи партнерството со Microsoft и Windows Phone. 
 
 
Сега Jolla прави напори да го лансира својот прв смартфон, како и да им го понуди оперативниот систем SailFish на други производители. За да почнат да се реализираат плановите најавен е прв Jolla смартфон кој ќе работи на дво-јадрен Qualcomm Snapdragon процесор со брзина од 1.4 GHz, 1GB RAM, 16 GB вградена меморија, камера од 8 мегапиксели и батерија со капацитет од 2100 mAh.
 
 
Овие компоненти заедно со 4.5 инчниот qHD екран би требало да се доволни доколку оперативниот систем SailFish е квалитетно оптимизиран за многу повисоки перформанси и смартфонот да ја избегне етикетата на уред од ниската класа, што според Jolla е главна цел. Датумот на промоција е закажан за крајот на годината а, неговата цена ќе изнесува околу 500 долари.