Збогум за Symbian и MeeGo

Објавено на 08.10.2013 во Новости



Збогум за Symbian и MeeGo

Nokia по долго време ќе ја прекине подршката за веќе застарената но, многу омилена платформа Symbian која масовно се користеше во минатото. Секоја добра работа има свој крај, а тој е неизбежен за Symbian. Nokia објави дека главниот фокус ќе биде насочен кон подршка на евтината серија на смартфони Asha.
 
 
Првичните планови на Nokia беа да се обезбеди подршка за платформата на Symbian во соработка со програмерите од Accenture се до 2016-та година, но по преминувањето на мобилниот оддел во сопственост на Microsoft тоа повеќе нема да биде можно.
 
 
Nokia ги известила програмерите дека веќе нема да добиваат подршка за нови надградби, а исто така ќе биде затворен и маркетот за апликации за платформата MeeGo во Nokia Store.
Автор: Aleksandar Stankov