LG G2 mini доаѓа во јануари

Објавено на 10.12.2013 во Новости



LG G2 mini доаѓа во јануари

LG  е еден од најактивните производители во мобилната индустрија оваа година пласирајќи неколку фантастични уреди како смартфонот LG G2 и таблетот LG G Pad 8.3. Сега медиумите пренесуваат дека можно е наскоро да видиме уште квалитетен смартфон кој би претставувал мини верзија на одличниот LG G2.
 
 
LG G2 mini ќе има помал екран од 4.7 инчи со HD резолуција, слично како и повеќето мини верзии на премиум смартфоните и LG Electronics ќе се обиде да понуди речиси идентични компоненти како и кај целосната верзија.
 
 
Тоа значи дека LG G2 mini ќе работи на супер брзиот четири-јадрен Qualcomm Snapdragon 800 процесор со 2 GB RAM и 13 мегапикселна камера со оптичка стабилизација на сликата. LG G2 mini би требало да се појави на пазарот во почетокот на 2014 година.
Автор: Aleksandar Stankov