Промовиран Lenovo Vibe Z првиот LTE фаблет

Објавено на 02.01.2014 во Новости



Промовиран Lenovo Vibe Z првиот LTE фаблет

Lenovo Vibe Z е првиот голем мобилен телефон на кинеската компанија кој ќе работи на најновата 4G LTE мрежа која овозможува огромна брзина на преност на податоци и мобилна интернет конекција. Се работи за квалитетен 5.5 инчен фаблет со Full HD екран и супер тенко тело.
 
 
Lenovo Vibe Z има квалитетни хардверски компоненти составени од четири-јадрениот Qualcomm Snapdragon 800 процесор со брзина од 2.2 GHz, 2 GB RAM и 16 GB вградена меморија. Главната камера има 13 мегапиксели и многу квалитетна апаратура, додека предната изненадува со квалитетот од 5 мегапиксели.
 
 
Најновиот фаблет на Lenovo работи на оперативниот систем Android 4.3 Jelly Bean, а ќе започне да се продава во февруари во Азија по цена од 549 долари, по што се очекува да биде пласиран и на останатите пазари.
Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: