ZTE Grand S II - Прв смартфон со 4 GB RAM

Објавено на 01.04.2014 во Новости



ZTE Grand S II - Прв смартфон со 4 GB RAM

Во најава e нова технолошка бомба од Кина бидејќи ZTE има намера да ја сруши магичната граница и да биде прв кој во својот нов фаблет ZTE Grand S II ќе употреби неверојатни 4 GB RAM.
 
 
Според информациите кои ги пренесуваат кинеските медиуми веќе се откриени тест резултати на ZTE Grand S II кој доминира на сајтовите за мерење на перформанси и покрај фантастични 4 GB RAM ќе има четири-јадрен процесор од 2.3 GHz, 5.5 инчен Full HD екран, 13 мегапикселна камера и батерија со капацитет од 3000 mAh.
 
 
Сепак, треба да се остави и мал простор за сомнеж бидејќи кинеските медиуми често знаат да претеруваат со прогнозите, но едно е сигурно дека брендовите од оваа земја имаат голем потенцијал за воведување на иновации. За потсетување од Кина доаѓаат фантастични телефони како Vivo XPlay 3s и Oppo Find 7 кои се првите смартфони кои имаат Quad HD екрани со резолуција од 1440 х 2560 пиксели.
 




Прочитајте повеќе: