Ексклузивни детали за PES 2015 - Заврши имитацијата на FIFA

Објавено на 05.07.2014 во Новости



Ексклузивни детали за PES 2015 - Заврши имитацијата на FIFA

PES 2015 ќе биде одлучувачка игра на познатата фудбалска франшиза која или ќе ги увери фановите дека познатиот гејмплеј не е целосно изгубен и претопен во стилот на FIFА или пак повторно ќе разочара со тешко одвивање на натпреварите со малку постигнати голови и мал степен на забава. Првите информации за PES 2015 покажуваат дека, сепак има надеж за оваа екстремно популарна игра.
 
 
Традиционално новите Pro Evolution Socer игри доаѓаат пред почетокот на фудбалските првенства во Европа, па така и PES 2015 е планирано да се појави во средината на септември. Konami е свесен за лошиот прием на последните верзии и ветува дека овој пат гејмерите ќе ја имаат истата тотална контрола на играчите и потезите и дека може да очекуваме сличен гејмплеј како во славните денови.
 
 
Во PES 2015 ќе има три главни новитети Exciting Goals нов систем на шутирање со кој се очекува постигнување на атрактивни погодоци, потоа Final Pass систем со голем број на решенија при подавањата и 1 on 1 со нови трикови и можности за дриблање. PES 2015 на почеток ќе биде достапна на новите конзоли PS4 и XBox One, а подоцна ќе пристигнат и верзиите за PS и постарите конзоли.