Мобилни тетоважи - Најдобрата или најглупата идеја досега

Објавено на 24.07.2014 во Новости



Мобилни тетоважи - Најдобрата или најглупата идеја досега

Motorola е најпознатиот бренд кој се посвети на проектот за отклучување на смартфонот преку дигитална тетоважа за зголемување на безбедноста и сочувување на личните податоци од можна кражба и злоупотреба, но прашање е колку овој проект е навистина ефикасен и корисен.
 
 
Дигиталната тетоважа која ја користи Motorola е всушност електронска лепенка која со допир го отклучува смартфонот, но проблемот е што трае само 5 дена, по што треба да ја замените со нова. Една тетоважа или лепeнка чини еден долар, па кога ќе пресметате колку пари ќе потрошите на овој модерен додаток ќе испадне дека со таа сума може да купите нов премиум смартфон.
 
 
Освен цената која е тотално неисплатлива тука е чудниот впечаток кој ќе го оставате кај останатите луѓе бидејќи таа треба да стои на некое видливо и брзо достапно место, на пример над зглобот на раката. 
 
 
Третиот проблем кој ја руши целата идеја за екстремна сигурност е што некој може успее да ви ги украде резервните тетоважи и на тој начин да дојде до содржината на вашиот смартфон(ова е чиста фантазија но, ако некој до толку сака да ви наштети ќе го направи тоа без оглед на се).