LG G Flex 2 доаѓа со најмоќниот Snapdragon 810 чипсет

Објавено на 02.01.2015 во Новости



LG G Flex 2 доаѓа со најмоќниот Snapdragon 810 чипсет

Qualcomm има долга историја на соработка со LG Mobile и секогаш ги користи нивните смартфони за промоција на Snapdragon чипсетите, па затоа и сега откри дека не очекува нов модел на флексибилниот LG G Flex кој ќе има моќен хардвер.
 
 
Според најавите LG G Flex 2 ќе работи на осум-јадрениот Qualcomm Snapdragon 810 процесор со моќен сетап и зголемен капацитет за видео, графика, аудиo и интернет конекција преку 4G која може да достигне до 300 mbps. 
 
За LG G Flex 2 не ни се познати сите детали, освен што очекуваме поголема иновација во флексибилниот дизајн со тело кое може да се превиткува, заедно со технологија која самата ги отстранува сите гребаници од маската. LG G Flex 2 најверојатно ќе биде прикажан следната недела за време на саемот CES во Лас Вегас.