Банката ING ќе наплаќа и со Apple Pay

Објавено на 04.01.2015 во Новости



Банката ING ќе наплаќа и со Apple Pay

Холандската банка ING соопшти дека склучила договор со Apple за подршка на новиот систем на трансакции преку смартфон Apple Pay со што се очекува корисниците во Европа во наредниот период да плаќаат без примена на кредитни карички и ќеш.
 
 
Apple Pay функционира на тој начин што податоците од кредитната картичка ги регистрирате во апликацијата Passcode на смартфонот и со отчитување на NFC терминал може да вршите електронски плаќања. 
 
 
Банките како ING имаат интерес за подршка на Apple Pay бидејќи со поголема употреба на кредитните картчки расте и нивниот процент од трансакциите. Apple Pay во Европа ќе пристигне во втората половина на 2015 година откако ќе бидат комплетирани договорите со банките и трговците.
Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: