Lenovo Yoga Tablet 2 - Флексибилна комбинација

Објавено на 27.02.2015 во Новости



Lenovo Yoga Tablet 2 - Флексибилна комбинација

Lenovo Yoga Tablet 2 доаѓа како продолжение на најиновативната серија на таблети Lenovo со флексибилен вграден потпирач со кој може да го поставите екранот во различни позиции на гледање со распон од 180 степени. Lenovo Yoga Tablet 2 има значителни подобрувања во хардверот и на корисниците им дава избор меѓу два оперативни системи Android 4.4.4 KitKat и Windows 8.1.

Иновативниот дизајн на Lenovo Yoga 2 Tablet ја става батеријата во цилиндар со подвижен држач од страна на уредот, преместувајќи го центарот на тежина и овозможувајќи различни начини да го користите – држен во рака, наклонет, исправен и закачен. Тоа значи дека имате четири различни начини да уживате во медиумските содржини, игри, комуникација и уште многу други.

Друга основна предност на овој таблет е неговата батерија - производителот ветува зачудувачка издржливост од дури 18 часа. Така можете да го користите цел ден и цела ноќ со едно полнење.

Lenovo Yoga Tablet 2 исто како и првата генерација има две верзии со големина на IPS LCD екранот од 8 и 10 инчи со FHD резолуција од 1200 x 1920 пиксели, што секако резултира со многу поголема густина на сликата.

Хардверот е составен од 64 битен Intel Atom Z3745 со четири-јадра од 1.86GHz, 2GB LPDDR3 RAM, 16 или 32 GB вградена меморија со microSD картичка и надополнување до 128 GB, како и батерија со капацитет до 9,600mAh.

Во додатоците на Lenovo Yoga Tablet 2 е вклучена и безжична Bluetooth тастатура која се доплаќа но, може да ja користите на било кој модел со ист приклучок. Таблетите имаат вградено и два звучника со подршка за Dolby Audio и Wolfson Mater HiFi звук. Lenovo Yoga Tablet 2 има 8 мегапикселна главна и 1.6 мегапикселна предна камера и 4G LTE модем за супер брза мобилна интернет конекција.

Македонскиот пазар не заостанува со присутност на новите модели на таблети од Lenovo, па може е изненадување, но најдобрата Android верзија на Lenovo Yoga Tablet 2 од 10 инчи со 4G LTE може да го купите со просечна цена од околу 19 илјади денари.

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: