Samsung Galaxy S6 наскоро и со Active верзија

Објавено на 10.03.2015 во Новости



Samsung Galaxy S6 наскоро и со Active верзија

Екстра квалитетниот смартфон Samsung Galaxy S6 има голем број подобрувања во однос на претходниот модел, но единствено му недостасува водоотпорен дизајн кој очигледно не беше пресуден. Наместо тоа планирана е нова Active верзија која ќе има „војничка“ маска, односно ќе биде засилена за да може да ги издржи сите временски и теренски услови.
 
 
Active верзијата на Samsung Galaxy S6 со овој груб дизајн ќе изгуби дел од естетиката и изгледот за кои обичните модели ги добија сите пофалби, но убавината ќе биде заменета со цврстина. Samsung Galaxy S6 Active исто така ќе има Quad HD дисплеј па, не треба воопшто да се грижиме за можни компромиси во перформансите. Промоцијата треба да се одржи во април, а цената иако се уште не е позната не би требало да надмине 700 долари.
 
Автор: Aleksandar Stankov