ЦИА нарачала хакирање на iPhone

Објавено на 11.03.2015 во Новости



ЦИА нарачала хакирање на iPhone

Едвард Сноуден најголемиот инсајдер кој избега од американската влада и службите за безбедност фрли нова бомба. Според неговите откриени документи ЦИА, Американската служба за разузнавање, уште од лансирањето на првиот iPhone нарачала хакирање на смартфонот,а со тоа и упад во безбедносниот систем на Apple.
 
 
Целта на ЦИА била да се пробие поставената енкрипција за заштита на комуникацијата од Apple. Од документите се открива планот за инвазивни и неинвазивни техники на хакирање, како на пример пласирање на компромитиран код во програмскиот јазик Xcode на Apple преку кој ќе се добие пристап во позадина, а корисниците без знаење би испраќале цели податоци до станиците за следење на комуникациите на безбедносните служби.
 
 
ЦИА организирале и годишна конференција на IT експерти наречена Jamboree која ќе работи на упади во електронски уреди за комуникација, меѓу кои и телефони и таблети, а на мета биле и уредите на Microsoft со клонирање на програми за надградба на оперативни системи при што агентите може да пласираат свои алатки за пристап. Целото истражување оди на адреса на The Intercept кои имаат обемна анализа на сите методи и акции на безбедносните служби на САД за следење на глобалната комуникација.




Прочитајте повеќе: