Project Maelstorm на Bittorent за слободен интернет за сите

Објавено на 12.04.2015 во Новости



Project Maelstorm на Bittorent за слободен интернет за сите

Bittorent ја најави првата јавна бета верзија на новиот веб прелистувач и интернет енџин Project Maelstrom кој има за цел да донесе послободен и побезбеден интернет за сите корисници, нудејќи им притоа врвни перформанси со слична технологија на споделување на содржини како и преку торент клиентот.
 
 
Преку Project Maelstorm ќе може да се споделуваат голем број на содржини, како видео, музика, аудио, игри, подкасти, блогови и сето тоа ќе биде бесплатно, со одлична интернет брзина споделена меѓу различни извори, односно меѓу самата заедница на корисници. 
 
 
Bittorent исто така ги повика сите програмери да го дадат својот придонес во развој на платформата која е замсилена како следниот чекор во интернет развојот. За почеток Project Maelstrom може да го инсталираат само Windows корисниците, а наскоро очекуваме нови верзии за сите мобилни и десктоп платформи.