Android M преставен со сите неопходни новитети

Објавено на 28.05.2015 во Новости



Android M преставен со сите неопходни новитети

Google одржува високо темпо на пласирање на нов софтвер и по само една година од Lollipop, доаѓа уште едно слатко надополнување наречено Android M. Овој пат наместо шминкерски и дизајнерски измени, Android M ќе понуди повеќе нови функции кои се чини дека беа навистина потребни во изминатиот период и се одличен показател дека Google има јасна визија за развој на платформата.
 
Со Android M доаѓаат големи подобрувања на Google Now персоналниот асистент со контекстуална обработка на содржините и апликациите кои ги користите за понуда на смарт решенија за секој дел од работниот ден, но и за забава, организација и комуникација. 
Android M со Now on Tap ќе може да ве информира за се што ве интересира, да ви нуди предлози од интернет и значително ќе го подобри начинот на кој влегувате во интеракции со апликациите. Можеби звучи малку комлицирано, но токму затоа постои Google Now, да ги заврши сите задачи во ваше име.
 
 
Големи промени има и во Google Chrome со тоа што интернет прелистувачот ќе биде „позајмен“ на сите надворешни апликации при отворање на интернет страни со што се очекуваме многу побрзо поврзување и заштеда во време при отворање на нови линкови. Една од најпроблематичните опции во минатото за давање дозвола на неограниечн пристап до смартфонот при инсталирање на апликации со Android M конечно е решена и самиот корисник ќе може да одлучи дали ќе дозволи пристап до било која категорија. 
 
Google не може да одолее на својата пракса да се меша во секоја област, па затоа го претстави и Android Pay системот кој како што може да претпоставите е директен одговор на Apple Pay и ќе служи за мобилни плаќања и електронски трансакции. Исто така додадена е и целосна подршка за работа со скенери за отпечатоци и потврда на идентитетот на корисникот. 
 
Сите овие промени се добредојдени но, проблемот лежи во бавниот процес на надградба кој најмногу го кочат операторите и производителите кои за секоја нова софтверска верзија на Android трошат премногу време на проверки и тестови. Токму затоа ланскиот Lollipop е присутен кај само 10% од уредите, па може да замислите со кое темпо ќе се одвива надградбата со Android M кој се уште нема добиено прекар според некој десерт.
 
Автор
 
Христијан Станоевиќ