Целосен распоред за Android M надградбата

Објавено на 29.05.2015 во Новости



Целосен распоред за Android M надградбата

Android M има голем број на софтверски новитети кои со нетпрение очекуваме да пристигнат, но како и секоја година при пласманот на нова верзија на софтверот ќе треба да почекаме неколку месеци. Во текото на летото секој месец ќе излегува по една пробна верзија, додека пак конечниот пакет на Android M ќе пристигне во септември.
 
 
Први кои ќе можат да ги корстат новитети како Google Now on Tap, селективни одобренија за пристап при инсталирање на апликации и вклучувањето на Chrome во надворешни веб линкови ќе имаат сопствениците на Android смартфоните и таблетите од поновата генерација. На листата се уште не се ставени Android 4 и Android 7, за нив претпоставуваме дека ќе има посебна верзија на Android M наменета за постари уреди.
 
 
Од познатите брендови прв кој даде ветување за навремена надградба со Android M е HTC за телефоните HTC One M9 и HTC One M9 +. Android M надградбата кај најдобрите модели на Samsung, Sony и LG најверојатно ќе биде закажана дури за почетокот на 2015-та.