Пентагон го „бомбардираше“ BlackBerry

Објавено на 24.01.2014 во Новости



Пентагон го „бомбардираше“ BlackBerry

Медиумите од Северна Америка избрзаа со веста дека Пентагон, седиштето на воената структура на САД, ќе набави 80.000 смартфони од канадскиот производител BlackBerry кој е афирмиран со своите безбедносни стандарди но, официјалните лица на Пентагон ја демантираа оваа вест.
 
 
Според планот на Пентагон за набавка на нови смартфони за креирање на комуникациска мрежа во игра влегуваат и уреди кои работат на оперативниот систем Android, како и iOs и Windows, со што се става крај на ексклузивата која досега ја уживаше BlackBerry.
 
 
BlackBerry имаше мал бенефит од проширувањето на веста за наводната набавка на Пентагон и инвеститорите одлично реагираа што резултираше со пораст на вредноста на акциите за 11 проценти.
 
 
Сепак, прашање е како сега ќе се одрази лошата вест која може да пукне како балон од сапуница, бидејќи е неизвесно дали BlackBerry ќе се задржи како набавувач на безбедносните владини инстуции кои се значаен партнер и се единствен сигурен извор на средства.