Пристигна џиновскиот Nexus 6 со Android Lollipop

Објавено на 15.10.2014 во Новости



Пристигна џиновскиот Nexus 6 со Android Lollipop

Google не се потруди да организира спектакуларно промотивно шоу како Apple, но затоа и дозволи на заедницата на корисници и фанови самата да учествува во промоцијата на новиот Nexus 6, ремек дело на Motorola која го искористи шмекот на Moto X+ но, со поголеми димензиии како и на долго очекуваната најнова верзија на оперативниот систем Android 5.0 Lollipop. 
 
 
Nexus 6 е првиот фаблет на Google со големина на дисплејот од 5.9 инчи со Quad HD резолуција од 2560 х 1440 пиксели, со два вградени стерео звучници, додека пак хардверот е на самиот врв на технологијата. Најголем напредок ќе се забележи во софтверот бидејќи Android 5.0 Lollipop е супер ефикасен, максимално ја штеди батеријата и сите сервиси и апликации имаат нов дизајн со поголема прегледност.

Nexus 6 работи на четири-јадрен Snapdragon 805 процесор од 2.7 GHz, Adreno 420 графичка, со 3 GB RAM, 32 и 64 GB вградена меморија, 13 мегапикселна OIS камера, 2.1 MP предна камера, 4G LTE мобилна конекција и супер батерија со капацитет од 3220 mAh. Во пакетот е вклучен и Turbo полнач кој за само 15 минути полнење ви обезбедува енергија за работа од 6 часа.
 
 
Според првичните информации Nexus 6 за разлика од претходните модели со дисконтни цени ќе се продава за многу повисока сума од околу 700 долари што го става во иста категорија како и iPhone 6 и Samsung Galaxy Note 4. Nexus 6 ќе биде достапен за купувачите од средината на ноември.
 
Автор
 
Христијан Станоевиќ
Автор: Aleksandar Stankov