Со Sony Xperia Z4 никој нема да се закача

Објавено на 18.10.2014 во Новости



Со Sony Xperia Z4 никој нема да се закача

Полека се приближува моментот кога Sony Mobile ќе треба да го претстави новиот супер смартфон во премиум класата, секако доколку ја следи веќе воспоставената пракса на промоција на еден смартфон на секои шест месеци. Затоа се пожешки се шпекулациите за Sony Xperia Z4 кој ќе биде екстра возбудлив смартфон со апсолутна надмоќ.
 
 
Според првичните информации Sony Xperia Z4 ќе има 5.5 инчен Quad HD дисплеј, ќе работи на се уште недостапниот Qualcomm Snapdragon 810 процесор со осум-јадра и 64 битна архитектура која целосно ќе го искористи потенцијалот на Android 5.0 Lollipop, заедно со 4 GB RAM, 32 GB меморија и 20 мегапикселна камера со нов Sony Exmor сензор. 
 
Доколку Sony Mobile навистина се одлучи да го следи шест месечниот циклус на пласман на нови смартфони тогаш Sony Xperia Z4 го очекуваме во ноември.