ZTE Nubia Z7 - оригинален и моќен за парите

Објавено на 14.08.2015 во Новости



ZTE Nubia Z7 - оригинален и моќен за парите

ZTE досега лансира голем број на уреди, од кои фаблетот ZTE Nubia Z7 се издвојува од сите. Тој има свој автентичен дизајн и солидни перформанси за цената, што го прави неодолив и привлечен за да го имате во рака.

Nubia Z7 е 5,5 инчен уред со Quad HD резолуција од 1440 x 2560 пиксели, убав дизајн и има интересни начини за активирање на функции со допири, како што се на пример формирање на заоблени агли со допир и нежен допир. Дизајнот е адаптиран на раката, што значи дека ќе биде удобен кога се користи. Неговиот уникатен аспект е светло-црвеното Home копче, кое се одликува со поинакви црвени црти во дизајнот.

Под хауба Nubia Z7 има сместено Snapdragon 801, Quad Core процесор од 2.5GHz и 3GB RAM меморија. За вашите лични потреби за складирање на податоци имате на располагање 32GB, задната камера изнесува 13MP со вграден оптички стабилизатор на сликата (OIS). Nubia Z7 може да снима 2K видео, во комплет заедно со апликација за камера - режим за напредни корисници, како и автоматски режим за аматерите што сакаат постојано да фотографираат.

Фаблетот доаѓа со 3000mAh батерија и таа нема да претставува проблем, без разлика на тоа што има Quad HD дисплеј. Nubia Z7 работи со Android 4.4 софтвер и доаѓа со типичниот дизајн на ZTE - колоритен и со високо ниво на светлост - целокупното искуство на корисничкиот интерфејс е одлично. Од останатите перформанси поседува поддршка за 4G/LTE интернет, G-sensor, P-sensor, сензор за близина, сензор за светлина, жироскоп и електронски компас.

ZTE Nubia Z7 е достапен сега може да го добиете за половина цена, т.е. од 595 долари е намален на 299 долари. Значи, ако перформансите го задоволуваат вашиот вкус и дизајнот вашиот стил, кликнете на овој линк

Кои се вашите првични впечатоци од ZTE Nubia Z7?