Sony Xperia Z5 Compact се појави со прва слика

Објавено на 21.08.2015 во Новости



Sony Xperia Z5 Compact се појави со прва слика

Sony Mobile мора да се потруди овој пат да не ги разочара своите фанови и да лансира супер квалитетни смартфони, меѓу кои ќе биде и помалиот модел Sony Xperia Z5 Compact. Од овој телефон се појави првата слика која покажува веќе виден „дијамантски“ дизајн со рамна стаклена задна површина и голем сензор за камерата. 

Странично кај Sony Xperia Z5 Compact се забележува сместувањето на скенерот за отпечатоци и главното копче за вклучување. Sony Xperia Z5 Compact ќе се држи високо на врвот со 4.7 инчен Full HD дисплеј, а ќе работи со осум-јадрен процесор, 3 GB RAM, 32 GB меморија, батерија со капацитет од 3000 mAh, водоотпорен сертификат и Android 5.1 оперативен систем.

Промоцијата на Sony Xperia Z5 Compact заедно со главниот модел Sony Xperia Z5 ја очекуваме на почетокот на септември на IFA саемот за технологија во септември.