Huawei ги повикува Британците повторно да размислат за забраната на 5G опремата

Објавено на 18.11.2020 во Новости



Huawei ги повикува Британците повторно да размислат за забраната на 5G опремата

Се уште останува неизвесно дали промените во САД со заминувањето на Трамп ќе бидат добри вести за Huawei и положбата на кинеската компанија на меѓународната сцена. Huawei се надева дека постои минимална шанса за промени.

Виктор Жанг, потпретседателот на компанијата нагласил дека одлуката за забрана на користење на инфраструктурата на Huawei во британските 5G мрежи беше апсолутно политичка одлука што не држи вода за безбедносните пропусти што тврдат дека ги има. Вториот човек на Huawei тврди дека одлуката е донесена под влијание на Трамп, па со оглед на тоа што сега Бајден е на негово место, Жанг се надева дека промената ќе влијае и врз односот кон Huawei, барем во Велика Британија.