Финансискиот директор на BMW испрати порака до Apple: „Спијам мирно“

Објавено на 11.03.2021 во Новости



Финансискиот директор на BMW испрати порака до Apple: „Спијам мирно“

Apple покори неколку големи пазари во минативе две децении и целосно ги промени правилата на игра. Според досегашните информации, компанијата веќе преговарала со Hyundai, Kia и Nissan, но се уште нема никаков потпишан договор. 

Се очекува во втората половина на оваа деценија да биде претставен нов модел на автомобил од Apple, но традиционалните автомобилски производители не се многу загрижени за Apple Car. Првиот човек на Volkswagen, Херберт Дис рече дека не се плаши од автомобилот на Apple, затоа што на пазарот на автомобили важат други правила, и не може така брзо да го покори пазарот како што направи со телефоните и таблетите.

Првиот човек за финансиите во BMW, Николас Петер, исто така одговори дека „спие мирно“. Тој вели дека конкуренцијата е добра работа, затоа што ги мотивира и другите компании. Николас тврди дека компанијата е во одлична ситуација и сакаат „да останат на лидерската позиција во индустријата“. 





Прочитајте повеќе: