Следниот Apple TV пристигнува со 4K 120Hz

Објавено на 07.04.2021 во Новости



Следниот Apple TV пристигнува со 4K 120Hz

Според 9to5Mac, Apple тестира нов Apple TV модел за 2021 со 120Hz, а во новиот tvOS 14.5 Beta апдејт има референци за новиот модел спомнувајќи “supports 120Hz”. tvOS е софтверот што Apple го користи за своите TV set-top боксови.

Моменталниот Apple TV 4K хардвер не дозволува 120Hz и покрај тоа што има HDMI 2.0 порт што е лмитиран на 4K 60Hz. Новиот модел HDMI 2.1 ќе може да поддржува 120Hz стапка на освежување. Моменталниот Apple TV 4K поддржува 4K HDR содржина и Dolby Atmos звук. tvOS овозможува пристап кон стриминг сервисите како што се Netflix, HBO Max, Hulu, Disney+, Paramount+ и сопствениот сервис на компанијата Apple TV, кој е достапен само на tvOS како TV set-top boxes.

Apple TV 4K има поддршка и за гејминг сервиси и контролери, како што се Xbox Elite Wireless Controller Series 2 и Xbox Adaptive Controllers. Apple TV 4K има и Siri гласовна асистентка и iCloud и Apple Music сервиси. Моменталниот Apple TV 4K може да се најде за цена од $179.