Nokia го претстави таблетот T20 со импресивна батерија од 8200mAh

Објавено на 07.10.2021 во Новости



Nokia го претстави таблетот T20 со импресивна батерија од 8200mAh

HMD Global е добро познат на пазарот на смартфони, но сега почнува да влегува во сегментот на таблетите. Новиот модел на таблет Nokia T20, располага со голем 10,4 инчен IPS LCD 2K дисплеј, а батеријата од 8200mAh ќе биде најсилниот адут и брзото полнење, што ќе овозможи 15 часа користење при преглед на веб, 7 часа конференциски повици или 10 часа гледање на филмови.

Таблетот под хауба има 8 јадрен Unisoc T610 процесор, а достапен е со 3GB+32GB и 6GB+64GB меморија. Задната камера изнесува 8MP, а селфи камерата 5MP. Nokia T20 ги исполнува силните барања на Google за фирмите, со оглед на тоа што нуди HMD Enable Pro решение за управување со мобилноста на компаниите дизајнирани за едноставна употреба и управување со поврзани уреди од едно место. 

Се уште нема информации за цената. Во фокусот на овој таблет е безбедноста и долготрајната софтверска поддршка, тоа го гарантира две годишната надградба на оперативниот систем.