Apple ќе ги одложи VR очилата поради прегревање

Објавено на 17.01.2022 во Новости



Apple ќе ги одложи VR очилата поради прегревање

Вредноста на Apple достигна 3 билиони долари, што сега повторно падна под тоа ниво. Според гласините, Apple требаше првите VR очила да ги претстави во јуни на WWDC конференцијата, а во продажба требаше да се појават кон крајот на 2022. Изгледа дека Тим Кук и екипата дошле до проблем со развојот на очилата и така нивното претставување и почетокот на продажбата сепак ќе се одложи.

Според најновите неофицијални информации, Apple Glasses не треба да ги очекуваме до крајот на 2022 или 2023 година, што значи дека продажбата нема да почне пред следната година. Проблемот со развојот се однесува на прегревањето на самите очила, но и на дополнителни предизвици со камерите и софтверот. 





Прочитајте повеќе: