Xiaomi ја претстави Redmi Note 11 серијата: Ниски цени, нов дизајн и добри перформанси

Објавено на 27.01.2022 во Новости



Xiaomi ја претстави Redmi Note 11 серијата: Ниски цени, нов дизајн и добри перформанси

Xiaomi ги претстави четирите нова смартфони од Redmi Note 11 серијата, кои се разликуваат по перформансите. Redmi Note 11 Pro 5G е најмоќниот модел во новата линија со Snapdragon 695 5G процесор и 8GB RAM меморија, 6,67-инчен OLED дисплеј, 120Hz стапка на освежување и 1080p резолуција. Неговата батерија од 5.000mAh има поддршка за полнење од 67W. Задната главна камера е со сензор од 108MP, ултра широк сензор од 8MP и макро камера од 2MP.

Redmi Note 11 Pro е идентичен со Pro 5G моделот, со тоа што има MediaTek Helio G96 процесор и LTE поддршка за интернет мрежа.

Redmi Note 11 е со Snapdragon 680 процесор, има помал LCD екран од 6,34 инчи со 90Hz и резолуција од 1080p, главна камера од 50MP, поддршка за брзо полнење од 33W и 6GB RAM меморија.

Redmi Note 11S е со истиот екран со поддршка за полнење од 33W. Helio G96 процесорот е со главен сензор од 108MP, а моделот е достапен со 8GB RAM меморија.

Сите смартфони од Redmi Note 11 серијата се со батерии од 5.000mAh, сензори за отпечатоци од страната на рамката, приклучок за слушалки и простор за складирање до 128GB. Корисничкиот интерфејс е MIUI 13 и се базира на оперативниот систем Android 12.

Redmi Note 11 Pro 5G ќе бидат достапни од февруари, за почетна цена од 300 долари за моделот со 6GB/64GB меморија без 5G и 330 долари за моделот со 5G. Цената на Redmi Note 11 и 11s се движи од 180 долари за 4GB/64GB (Note 11) до 250 долари за 6GB/64GB (Note 11s).