Мајкрософт ќе биде „гумата за спас“ од губење на корисници на Нетфликс

Објавено на 20.07.2022 во Новости



Мајкрософт ќе биде „гумата за спас“ од губење на корисници на Нетфликс

Веќе и претходно пишувавме дека Нетфликс полека воведува забрана за споделување на лозинки и ќе ја поврзува претплатата со самиот телевизор. Поради соочување со проблемот со откажување на голем број на претплати, Нетфликс склучува договор со Мајкрософт.

Целта на новата соработка е да се понуди на корисниците поевтин пакет за претплата. Се разбира, новиот пакет ќе поддржува емитување на реклами во самата апликација. Се уште нема официјална најава кога ќе биде воведен новиот евтин пакет и колку ќе чини. 

Автор: Aleksandar Stankov