И Alcatel со свој претставник со Android ICS

Објавено на 30.05.2012 во Новости



И Alcatel со свој претставник со Android ICS

 

Со желба да ни посоветува дека сè уште постои, Alcatel го претстави OT986, новиот смартфон со ICS, кој ќе конкурира во високата класа на телефони.

Alcatel веќе подолго време отсуствува од сцената на мобилни телефони, како и таблети, па затоа конечно реши да се појави за да им покаже на корисниците дека уште не е готово о нив.

 

Alcatel OT986 е смартфон со Android 4.0 Ice Cream Sandwich и високи перформанси, односно: 4,5 инчен HD дисплеј, доаѓа со дизајн без копчиња (барем не физички), дво-јадрен процесор на 1.5GHz.

Ако ве интересираат подробности:

• TI OMAP 4460 Cortex-A9 дво-јадрен процесор на 1.5GHz
• PowerVR SGX540 GPU графичка на 384MHz,
• 1GB RAM меморија
• 4GB внатрешна меморија, а се проширува преку microSD картичка
• Задна камера од 5 МП и блиц, предна од 2 МП
• HSPA+, Bluetooth 4.0.

OT986 тежи 149 грама, а е дебел  9.75mm.

Иако телеофнот, на прв поглед, не изгледа ништо поразлично од останатите конкуренти, сепак тоа го прави со цената од само 380 долари – што го прави меѓу поевтините на пазарот.





Прочитајте повеќе: