Apple ќе плаќа огромна казна

Објавено на 17.12.2012 во Новости



Apple ќе плаќа огромна казна

Народот има една многу позната изрека која вели „ Со свој камен по глава“, па така и Apple кој се тужи со речиси сите конкуренти за се и сешто, конечно доби и негативна пресуда, откако судот во Далавер, САД, пресуди дека тие ги прекршиле правата за користење на патенти на компанијата MobileMedia.

MobileMedia е основана од повеќе компании како што се Nokia, Sony и MPEG-LA со единствена цел, а тоа е собирање на големо портфолио на патенти.Токму Apple е прогласен за виновен дека го нарушил правото на користење на патентите поврзани со бележење на дојдовните повици, како процесирањето на слики.

Судот во Далавер, САД најави дека за Apple ќе следи значително висока казна доколку продолжи судењето, а при тоа двете компании не успеат да постигнат заеднички договор или компромис, па можеби голем дел од парите кои ќе ги добијат од Samsung ќе завршат за надмирување на трошоците во овој спор со Nokia, Sony и MPEG-LA.





Прочитајте повеќе: