Најавен е LG Optimus L7 II

Објавено на 31.01.2013 во Новости



Најавен е LG Optimus L7 II

Корејската компанија LG пропушти информација за нивниот нов смартфон кој ќе биде наследник на LG Optimus L7, со тоа што оваа верзија ќе има две сим картички.

Ова ќе биде најново продолжение на L серијата која една година по лансирањето се продава одлично и според бројките на LG досега се продадени над 10 милиони смартфони. LG Optimus L7 II ќе поседува 4.3 инчен екран, двојадрен процесор со работен такт од 1 GHz и многу издржлива батерија од 2460 mAh.

За оперативниот систем на LG Optimus L7 II ќе биде задолжена верзијата на Android 4.1 Jelly Bean комбинирана со новиот кориснички интерфејс на LG Optimus, што е одлична вест за тие што сакаат да купат смартфон од средната класа со најнов софтвер. Овој смартфон ќе биде пуштен во продажба веќе во февруари и тоа во Русија.