Наскоро првиот смартфон со 2К HD резолуција од Vivo

Објавено на 17.10.2013 во Новости



Наскоро првиот смартфон со 2К HD резолуција од Vivo

Производителот Vivo сигурно не е првиот бренд кој ви паднува на памет кога ќе помислите на врвен смартфон, но оваа компанија има неколку фантастични уреди со кои може да се пофали. Следен во таа низа ќе биде Vivo Xplay3S кој ќе биде првиот смартфон со резолуција на екранот со 2К HD стандардот.

Vivo планира да достигне густина на сликата од 500 пиксели на еден инч, односно резолуција на екранот од 2560 x 1440 пиксели. За споредба сегашниот рекордер HTC One има 4.7 инчен Full HD екран со 1080p резолуција од 1080 x 1920 пиксели и густина на сликата од 469 ppi.

Vivo има интересна стратегија со која сака да ги освојува рекордите во посебни категории како на пример нивниот X3 кој е најтенкиот смартфон на светот со само 5.75 милиметри дебелина на телото

Автор: Aleksandar Stankov