Најфлексибилниот смартфон на светот

Објавено на 02.11.2013 во Новости



Најфлексибилниот смартфон на светот

Ќе бидете изненади кога ќе дознаете дека најфлексибилниот смартфон на светот не е изработен од Samsung ниту од LG, туку од речиси непознатиот производител SEL кој презентираше вистински флексибилен и заоблен смартфон.
 
 
Semiconductor Energy Laboratory е посебна компанија која изработува пробни екрани за Sharp, а своите услуги им ги позајмува на Samsung и LG. Нивниот најнов продукт е смартфон со големина на екранот од 5.4 инчи и интересно е што дисплејот се превиткува на рабовите во должина од 4 милиметри, што е вистински светски рекорд.
 
 
Рабовите на смартфонот се „обложени“ со пластичниот OLED екран и на нив може да се прикажува целосна слика. SEL освен смартфон презентираше и помал флексибилен екран со големина од 3 инчи кој ќе се користи за паметните часовници и идејата е дисплејот да се обвитка низ целиот уред околу раката.
 
 
Во продолжение погледнете ја кратката видео презентација на оваа фантастична технологија која наскоро ќе биде достапна за големите производители како Samsung, LG, Sony и останатите.