BlackBerry ќе пропадне од инает за кинезите

Објавено на 04.11.2013 во Новости



BlackBerry ќе пропадне од инает за кинезите

Рокот за продажба на канадската компанија BlackBerry истекува денес и сеуште не е најден соодветен инвеститор кој ќе ја превземе компанијата и ќе ја извади од долгови. Најсериозен кандидат беше кинеската компанија Lenovo, но властите стравуваат дека на овој начин кинезите ќе се стекнат со голем број на безбедносни податоци.
 
 
Речиси никој не верува дека власта во Канада и особено во САД ќе дозволи BlackBerry да падне во рацете на Lenovo бидејќи на тој начин кинезите ќе ги добијат безбеднсоните системи кои ги користат многу владини институции и приватни фирми, но прашање е колку овој страв е оправдан.
 
Lenovo беше обвинет од Американската влада за шпионажа, но по истрагата која ја спроведе Конгресот и бројните сослушувања компанијата беше ослобедена од било каков сомнеж и обвинение. 
 
 
Во игра за купување на BlackBerry остануваат повеќе финасиски институции како инвестирите Fairfax Financial, основачите на фирмата Мајк Лазаридис и Даг Фреџин, но и тајванскиот прпоизводител на чипови Qualcomm.
 




Прочитајте повеќе: