Запознајте го Hisense X1 - Најголемиот смартфон во светот

Објавено на 14.01.2014 во Новости



Запознајте го Hisense X1 - Најголемиот смартфон во светот

Hisense X1 е еден од најновите необични смартфони на пазарот кој може да се пофали со еден епитет, а тоа е најголемиот смартфон на светот со големина на екранот од неверојатни 6.8 инчи.
 
 
Сега најверојатно многумина од вас ќе го наречат фаблет или пак мал таблет, но сеедно бидејќи поентата на кинеската компанија која стои зад овој уред е да го држи токму тој епитет, без оглед што се поставуваат сериозни прашања колку овој џин може навистина да го користите ефикасно како мобилен телефон.
 
 
Hisense X1 има 6.8 инчен HD екран, работи на брзиот четири-јадрен Qualcomm Snapdgragon 800 процесор, со 2 GB RAM, на задната страна е сместена 13 мегапикселна камера, додека го напојува голема батерија со капацитет од 3900 mAh. Телефонот работи на оперативниот систем Android 4.4 KitKat и планирано е да се продава во Кина и САД.