LG подготвува евтин Windows смартфон

Објавено на 25.07.2014 во Новости



LG подготвува евтин Windows смартфон

LG Mobile уште во февруари потврди дека ќе го продолжи партнерството со Microsoft и ќе понуди нови смартфони кои ќе работат на најновиот оперативен систем Windows Phone 8.1.
 
img
 
Смартфонот е откриен на страната AdDuplex за рекламирање на Windows Phone уредите со кодното име LG D635 и досега е потврдено само дека ќе има 5 инчен HD дисплеј со резолуција од 720 x 1.280. LG D635 ќе биде смартфон од средната класа со пониска цена до 350 долари, а се очекува и еден премиум модел LG Uni8 кој ќе наликува на LG G3.