Ворен Бафет вложи милијарди во Apple, поради еден изгубен iPhone!?

Објавено на 13.05.2022 21:00 во Рецензија


Ворен Бафет вложи милијарди во Apple, поради еден изгубен iPhone!?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ iPhone е најстариот бренд за смартфони, кој направи револуција во индустријата за смарт технологија;
+ Ворен Бафет е најголем акционер во Apple;

 

Negatives:



Целата рецензија

Ворен Бафет е легендарен инвеститор и извршен директор на компанијата Berkshire Hathaway, која е најголемиот поединечен акционер на Apple. Со текот на годините во Apple вложувале десетици милијарди долари, што им се вратило повеќекратно. Уделот на компанијата на Бафет сега вреди над 130 милијарди долари.

Тоа е највредниот удел што Berkshire Hathaway го има во своето портфолио, а особено е интересна приказната поради која што Бафет се одлучил на големо вложување во компанијата што ја основал Стив Џобс. Тој се одлучил да вложи милијарди долари поради изгубениот телефон на свој вработен, кој се пожалил дека изгубил многу откако го изгубил својот iPhone. Ворен Бафет сфаќа дека луѓето се врзуваат за своите iPhone-и, во форма на личен предмет. 

„Се чувствував како да изгубив дел од душата“

Пред 6 години Бафет слушнал за несреќата што му се случила на еден од директорите на BH, Дејвид Готсмен, кој го изгубил својот iPhone во такси. „Се чувствував како да изгубив дел од душата“, рекол тогаш на колегите од Беркшир. Кога била пренесена оваа вест на Бафет, за тоа што младиот човек бил потресен, тогаш одлучил да посвети повеќе внимание на Apple, затоа што тој им дава поголема вредност на луѓето. Гледајќи ги своите внуци и луѓето околу себе, станал свесен колку луѓето се опседнати со своите телефони и заклучил дека поради тоа популарноста на iPhone ќе трае многу време.

Ворен Бафет претпоставил дека таа голема популарност на телефон и човечка опседнатост со неа, ќе му заработи многу парил од Apple. Бафет и Berkshire Hathaway оттогаш сериозно го сфатиле Apple и во текот на следните неколку години вложиле 35 милијарди долари, што се покажало како фантастичен потег, затоа што вредноста на нивната инвестиција се зголемила за повеќе од три пати.

Визијата на Стив Џобс

Се разбира, Ворен Бафет е само дообјаснување за дизајнерската филозофија на Стив Џобс, кој своите производи сакаше да бидат совршени, како во внатрешноста, така и во надворешноста. Џобс знаеше како да ги популаризира своите производи и да заработи добро. Додека да стигне до врвот, имал трнлив пат. Кога компанијата Apple го достигна врвот на пазарот, тој беше исфрлен од бордот на директори. После неколку години компанијата почна да претрпува огромни загуби и повторно го вратија, но тогаш тој ги смени сите директори во бордот и постави свои луѓе. Apple оттогаш доживеа уште поголема слава и продажба и до ден денешен iPhone има свои лојални корисници, кои што не се откажуваат од својот „совршен смартфон“ со свој оперативен систем iOS и уникатен дизајн.

Што мислите вие за iPhone

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.