Samsung Galaxy S9: Ре-имагинација со камерата и дизајнот

Објавено на 31.03.2018 во Рецензија


Samsung Galaxy S9: Ре-имагинација со камерата и дизајнот

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
9.9


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Мали, подобрени промени во дизајнот;
- Подобро лоциран сензор за отпечатоци;
- Зацврстен дизајн со Gorilla Glass 5;
- Сертификат за водоотпорност;
- Квалитетен AMOLED дисплеј;
- Неприкосновени перформанси;
- Dolby Atmos за подобар звук;
- Влез за microSD картичка;
- Сензор за мерење на отчукувањата на срцето;
- Добро уреден софтвер со можност за многу прилагодувања;
- Сензори за ирис и отпечатоци;
- Безжично полнење;
- Камера што доминира на пазарот на смартфони;
- AR Emoji;

 

Negatives:

- Сличен дизајн како S8;
- Непроменет капацитет на батерија;



Целата рецензија

Samsung Galaxy S9 е одличен смартфон, кој е подобрен од претходниот модел Galaxy S8. Дизајнот не е многу различен, но дефинитивно има подобрувања кај забрзаната биометриската технологија, камерата е подобра, исто како и способноста на камерата во услови со слаба осветленост. Физички поголемиот брат S9 Plus е малку подобар со перформансите. Ајде да погледнеме подетално што се случува.

Дизајн и дисплеј

Galaxy S9 го задржува својот автентичен изглед без многу промени во споредба со S8. Сепак, дизајнот вреди и телефонот се чувствува како да ви се топи во рацете. Интересно е што дебелината на рамката на S9 постепено се намалува. Сензорот за отпечатоци е поместен на подобра локација под камерата.

Телото на телефонот е составен од метал и стакло и го задржува стариот и добар, шармантен, заоблен дисплеј. IP68 сертификатот овозможува водоотпорност и имате влез за microSD картичка. Алуминиумскиот раб сега е зајакнат, а Gorilla Glass 5 заштитата на екранот е дефинитивно подобра. Сега имате специјално Bixby копче под копчето за појачување и намалување на звук, додека копчето за отклучување/заклучување е префрлено на другата страна. 5,8-инчниот дисплеј е доволно голем, и одлично може да го ракувате со една рака. 

Како и сите предводници на Samsung, дисплејот на S9 исто така ве привлекува со своите бои и фантастичниот контраст. AMOLED дисплејот со Quad HD+ панел, е најдобриот Android и неприкосновен смартфон воопшто, со неговата осветленост, репродукцијата на бои и воопшто целосното искуство. Кај екранот импресионира тоа што се понудени опции за прилагодување. Во стандардниот 'адаптивен' режим боите се богати, со сини доминантни нијанси. Ако се префрлите на DCI-P3 опсегот на бои од "AMOLED кино" режимот, боите се чувствуваат полесно за очите. Може дури и да ги прилагодувате боите, со директно намалување на сината, зелената или црвената боја.

Имате целосна поддршка за HDR10 и S9 може да пренесува HDR содржини од Netflix и Amazon Prime. Филмовите и ТВ емисиите се со подобар контраст и дефинитивно се квалитетни на овој телефон. 

Перформанси и батерија

Samsung Galaxy S9 е многу брз телефон, како за телефон од 739 долари, хардверот дефинитивно ја оправдува цената. Под хауба располага со Snapdragon 845, т.е. Exynos 9810 процесор, во зависност од тоа за кој пазар е наменет. Најдобрите процесори на пазарот може се справуваат одлично со секаков вид на задачи, интензивни и полесни, и одлично одговараат на препознавањето на лицето и снимањето на видео со 960fps Slow Motion видео. Појачувањето на чипот е неговата 4GB RAM меморија, што е за 2GB RAM помалку од S9 Plus варијантата. ROM меморијата изнесува 64GB, која може да се зголеми преку microSD картичка.

Звучникот останува одоздола, а има и уште еден плус одозгора. AKG аудиото има поддршка и за форматот Dolby Atmos, технологија што се користи за просторија со посебни звучници посебно поставени, овозможувајќи ви неверојатно добро искуство кога гледате филм. Ова е навистина голема работа!

Времетраењето на батеријата на Samsung Galaxy S9 е речиси идентична како минатогодишниот S8, која изнесува 3000mAh. Тоа не е страшно, затоа што има режими за енергетска ефикасност и поефикасен мобилен чип. Траењето на батеријата варира во зависност од вашата потреба најмногу. Полнењето на Galaxy S9 е преку USB-C приклучок, или може и со безжично полнење за Qi/PMA. Побрз начин на полнење е секако преку кабел.

Софтвер

Интерфејсот на Galaxy S9 функционира одлично и подобро од неговиот претходник, кој има атрактивни иконки и брзо ве префрла од фиокарот со апликации и панелот за известувања. Одлично креирани се режимите за ноќно читање, што нема да ви пречи ако читате во мрачни услови. Некои од апликациите може да ги оневозможите и скриете. Виртуелниот асистент Bixby може исто така да се исклучи ако сакате, кој сега со деветката е многу подобрен во споредба со претходникот.

Софтверот на Samsung не импресионираше во достапните опции за прилагодување. Моделот е одличен за да ги прилагодите перформансите и резолуцијата на екранот, со цел да го продолжите животниот век на батеријата, исто како што можете и да го калибрирате екранот. Енергетската ефикасност на овој Samsung смартфон е со највисоки оцени.

Имате и многу опции за безбедноста, при што можете и да ги дуплирате апликациите за размена на пораки доколку ви треба телефонот за вашата кариера и располага со безбедна папка за приватни датотеки. Значително е тоа што имате и сензор за мерење на отчукувањата на срцето.

Galaxy S9 има сензор за препознавање на ирисот на окото, како и скенер за отпечатоци. Функционираат беспрекорно. Новата функција "Интелигентно скенирање" ги комбинира двете технологии за скенирање на лицето и ирисот заедно, и ќе ви соопшти доколку не може да ви го скенира ирисот на лицето.

Камера

Најголем број на иновации кај Samsung Galaxy S9 има кај камерата. Наместо да има објектив со фиксна решетка, како што е случајот со речиси секоја друга телефонска камера, S9 може да се префрли од f/2.4 на f/1.5, обезбедувајќи идеална оптика за фотографирање и дење и ноќе. Ако е светло надвор, ќе снима со f/2,4, а кога има помалку светлина објективот ќе се прошири и ќе користи f/1.5 за да пушти повеќе светлина.

Ако се придржувате кон стандардниот 'Авто' режим, најверојатно нема да забележите промени кај блендата, а ќе имате повеќе контроли ако преминете на 'Про' режимот. Овде можете рачно да ги менувате двата отвори, а истовремено ќе може да ги намалите експозицијата и балансот на белата боја. Ако внимателно ја разгледате камерата, тогаш ќе може да го видите затварањето и проширувањето на леќите кога ќе ги префрлите преку функциите, што е навистина кул.

Камерата има задна камера од 12 мегапиксели, додадена меморија и OIS. Дополнителната меморија и овозможува на камерата да снима повеќе снимки секогаш кога ќе снимате и таа ќе ги комбинира снимките заедно без да забележите.

За среде бел ден, фотографиите на Samsung Galaxy S9 се неприкосновени, детални и шарени, со фантастичен контраст и динамички опсег. Друга голема нова функција на камерата е снимањето со супер бавно движење. Ова ви овозможува снимање на 0,2 секунда рафал со 960fps снимки, што го развлекува до 6 секунди. Кога ќе ја откриете совршената сцена за снимање, резултатите се одлични. Најдобри снимки овде се прават со течење на капки вода.

Новата AR Emoji функција ги реплицира вашите движења на екранот. Овде имате Live Focus опција и портретни режими. Режимот со "селективен фокус" се базира на софтвер за ефекти на faux bokeh, со слаби резултати. Со овој ефект може да добиете заматен ефект на длабочина на поле со рачно проширување на блендата пред да направите портрет. Разликата не е толку истакната, но функционира.

Заклучок

Samsung Galaxy S9 го има сето она што корисниците го бараат: одлична камера, атрактивен дизајн, неверојатен екран и многу интересни функции за „играње“. Камерата е одлична, иновациите со AR Emoji-те, интерфејсот одлично „декориран“ и одлично одговара на задачите. Samsung Galaxy S9 има шанса за да ја добие титулата како еден од најдобрите Android смартфони за 2018 година. Што велите?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Motion
  • Aurora
  • Keyone
  • DTEK60
  • DTEK50
  • Xperia L2
  • Xperia XA2 Ultra
  • Xperia XA2
  • U11 Eyes
  • U11 Plus