Великанот Instagram го симна стариот Twitter од тронот

Објавено на 23.09.2015 во Новости



Великанот Instagram го симна стариот Twitter од тронот

Пред неколку години Марк Цукерберг ја шокираше јавноста со преземањето на компанијата Instagram - обична социјална мрежа за споделување на фотографии и видеа. Тогаш Instagram беше достапен само за уредите на Apple, а после преземањето од страна на Facebook, аналитичарите предвидоа пропаѓање на компанијата што дотогаш не беше заработила ниту доларче. 

Денес Instagram се претвори во машина за пари, кој од тогашните 30 милиони корисници, сега порасна на 400 милиони. На официјалниот блог на Instagram вчера е потврдено дека бројот на корисници што ја користат апликацијата барем еднаш месечно, надминала број од 400 милиони, што е за 255 пораст за разлика од декември минатата година. Тоа значи дека Instagram има многу повеќе корисници од Twitter - 400 милиони наспроти 316 милиони корисници. 

Instagram е еден од најдобрите примери за стратегијата на аквизициите на Facebook, бидејќи компанијата продолжи да функционира како независна подружница. Слично се случи и со преземањето на Oculus VR и WhatsApp. Како ви се чини вам Instagram?