Apple, Facebook, Alphabet, Microsoft и Amazon под зголемен надзор

Објавено на 13.02.2020 во Новости



Apple, Facebook, Alphabet, Microsoft и Amazon под зголемен надзор

Федералната трговска комисија (FTC) објави дека ќе ја истражи секоја аквизиција на големите технолошки компании во последните 10 години. Во првио бран под зголемена регулација се најдоа Apple, Microsoft, Alphabet, Amazon и Facebook.

На овие компании им стигнало барање од FTC за дополнителни информации за аквизициите што ги реализирале во последните 10 години. Така FTC сега подетално ќе го разгледа купувањето на Instagram од страна на Facebook, како и купувањето на Beats од Apple. Целта на регулаторите е да утврди дали технолошките компании со аквизициите отстранила други компании во конкуренцијата со цел да си обезбеди монополистичка позиција на пазарот.





 
Најнови телефони
 
 


{}