iPhone 13: Кога излегува, цена и спецификации на екраните и батериите

Објавено на 18.07.2021 во Новости



iPhone 13: Кога излегува, цена и спецификации на екраните и батериите

Има уште 2 месеца додека да пристигне iPhone 13 серијата, но веќе имаме прилично информации што да очекуваме од Apple 2021 смартфоните. iPhone 13 излегува на 24 септември според аналитичарот Ден Ајвс, додека неговата цена би била околу 800 долари во САД. 

iPhone 13 или iPhone 12S? Apple би можел да го претстави следниот iPhone 12S наместо iPhone 13, поради минималните надградби во споредба со претходната серија. Се очекува iPhone 13 да добие меморија од 1TB во споредба со онаа од минатата година со 512GB. iPhone 13 Pro и Max моделите ќе бидат со 1TB опција за меморија. 

Дисплеј: 

iPhone 13 mini ќе биде со 5.4-инчен дисплеј и резолуција од 1080 x 2340 пиксели (476 PPI, 60Hz)
iPhone 13 ќе биде со 6.1-инчен дисплеј со резолуција од 1170 x 2532 пиксели (460 PPI, 60Hz)
iPhone 13 Pro ќе биде со 6.1-инчен дисплеј со резолуција од 1170 x 2532 пиксели (460 PPI, 120Hz, OLED)
iPhone 13 Pro Max ќе биде со 6.7-инчен дисплеј и резолуција од 1284 x 2778 пиксели (458 PPI, 120Hz, OLED)

Батерија: 

iPhone 13 mini ќе биде со батерија од 2,406 mAh
iPhone 13 ќе биде со батерија од  3,095 mAh
iPhone 13 Pro ќе биде со батерија од 3,095 mAh
iPhone 13 Pro Max ќе биде со батерија од 4,352 mAh

Колку за споредба, еве ги батериите на iPhone 12 серијата:

iPhone 12 mini – 2,227 mAh
iPhone 12 – 2,815 mAh
iPhone 12 Pro – 2,815 mAh
iPhone 12 Pro Max – 3,687 mAh