Тим Кук поседува криптовалути, но не сака и Apple да го меша во тоа

Објавено на 11.11.2021 во Новости



Тим Кук поседува криптовалути, но не сака и Apple да го меша во тоа

Првиот човек на Apple, Тим Кук, е приватен тип на човек и не кажува лични нешта. Повеќето негови изјави се поврзани со Apple и работењето на компанијата, односно производите што ги развива. За време на неговото гостување во NY Times DealBook конференцијата, открил нешто што не можевме ниту даго претпоставиме.

Извршниот директор на Apple тежи речиси 1,5 милијарди долари, а приватно е инвеститор во криптовалути. На прашањето дали поседува bitcoin или ether, потврдно одговорил, а како причина го наведува фактот дека е потребно да имате диверзифицирано портфолио на инвестиции. Apple не планира да прима bitcoin или ether наместо класични пари од продажбата на своите производи, а не планира ниту да вложува во криптовалути во блиска иднина.





Прочитајте повеќе: