Во Кина испорачани за 117% повеќе смартфони од лани

Објавено на 21.06.2013 во Новости



Во Кина испорачани за 117% повеќе смартфони од лани

Најдобриот продавач на смартфони во светот по обем на продажба - Samsung, исто така е и на врвот во продажбата во Кина - најголемиот пазар за смартфони на планетата. Неодамна објавените податоци од фирмата за истражување на пазарот, IDC, покажуваат дека Samsung бележи дури 19% од сите испорачани смартфони во Кина во текот на првиот квартал оваа година.

Во меѓувреме, уделот на пазарот на Apple смартфони од 9% беше доволен само за петтото место во земјата, и покрај тоа што успеа да направи импресивен пораст откако испораките на iPhone 4 од компанијата се зголемија за 211% од година во година.

Овој податок се усогласува со претходниот извештај од ривалската фирма Strategy Analytics. Генерално, IDC тврди дека пратките на смартфони во првиот квартал во Кина достигнаа 78 милиони уреди, што е за 117% повеќе од истиот квартал во 2012 година.





Прочитајте повеќе: