LG ги претстави новите евтини смартфони: K62, K52 и K42

Објавено на 25.09.2020 во Новости



LG ги претстави новите евтини смартфони: K62, K52 и K42

LG ги претстави новите K62, K52 и K42 смартфони, кои се со прифатлива цена, 6,6-инчен HD+ дисплеј, главна камера од 48MP, ултраширока камера и макро камера. Камерата се состои и од сензор од 2MP за длабочина на деталите, додека К52 се разликува само по главната камера од 13MP.

Трите модели располагаат со батерија од 4.000mAh и Android 10 оперативен систем. LG К62 има селфи камера од 28MP, К52 има селфи камера од 13MP, а К42 има селфи камера од 8MP. K62 и K52 имаат процесор со 2,3GHz и 4GB RAM меморија. LG K62 има 128GB внатрешна меморија, а другите двајца се со 64GB внатрешна меморија. Се разбира, може да ги дополните со MicroSD картичка.

Сензорот за отисоци на прсти е лоциран од страната кај сите модели, кои за жал немаат поддршка за 5G мрежа. Се очекува LG K62, K52 и K42 да пристигнат во Европа следниот месец.