MacBook Pro 16-инчи: Мултифункционална, моќна машина

Објавено на 20.08.2020 11:50 во Рецензија


MacBook Pro 16-инчи: Мултифункционална, моќна машина

Оцени

usability
9.9


Перформанси
9.9


Цена
9.9


Камера
9.0


резултат
9.7


Наши забелешки

Positives:

- Одлична батерија што дозволува и авионски превоз;
- Моќен хардвер;
- Touch ID;
- Голем дисплеј;

 

Negatives:

- Нема добра камера;
- Тежок;



Целата рецензија

MacBook Pro 16-инчи би можел да биде добар модел доколку сакате да имате поголем екран за работа, особено за оние што работеле претходно со MacBook 12-инчи. 

Дизајн

MacBook Pro 16″ располага со алуминиумски дизајн и може да го земете во сребрена и вселенски сива боја (space grey). Тежи само 2 килограми, кој во споредба со ултрапреносниот 12“ модел од 0,92 килограми, навистина е огромна разликата. Се разбира, неспоредливи се во однос на перформансите, но ете, добро е да се спомне. 13“ MacBook Pro од 1,37 килограми е претежок, па така со одлуката за да го земете овој лаптоп, би можеле да гледате веќе како замена за десктоп компјутер, што е многу попрактично. Екраните полека се зголемуваат на сметка на рамките, кои се веќе минималистички дизајнирани, така што лаптопот нема да тежи и нема да го зазема потенцијалниот простор за дисплејот.

Екран

LED IPS екранот е со резолуција од 3072х1920 пиксели и на него е многу удобно да работите. Приказот на бои е реален, освен ако вклучите модул за пред спиење, со цел да не ве разбуди сината светлина и да ве остави буден цела ноќ. Видлив е од сите агли и нема проблеми со светлината, која е декларирана како светлина со 500 нити.

 

Хардвер

Основниот модел на MacBook Pro 16″ е со 6‑јадрен Intel Core i7 процесор со 2.6GHz и Turbo Boost до 4.5GHz, 512GB SSD диск, 16GB 2666MHz DDR4 RAM меморија и AMD Radeon Pro 5300M графика со 4GB GDDR6 меморија. 

Поврзување

Сето тоа го спојувате и полните со четири Thunderbolt 3 USB-C приклучоци, кои во преносот на податоци достигнува брзина од 40Gb/s. Го полните со било кој од сите 4 порта со адаптерот што е прилично голем и тежок, а му треба околу час и половина за да се наполни до 100%. 

Тастатура

Тастатурата доживеа редизајн, сега имате тенки, односно плитки типки со butterfly механизам, за што многумина се жалеа, па дури и на доделувањето Oscar-и беше упатен апел до Apple да се промени ова. Многумина се навикнати на него и не им пречи. Корисниците со ваков механизам кај 12“ MacBook исто така не се жалат генерално. Scissor механизмот што има вакви типки е сличен на постарите Apple тастатури, кој исто така е удобен, иако може да добиете чувство дека со долгото типкање, прстите малку се уморуваат. ESC типката е повторно вратена, а типките за стрелки се повторно направени така што горната стрелка е повторно позиционирана како стрелка за лево и десно. Touchpad-от е стандарден со голема површина, на која сме веќе навикнати од претходниот MacBook Pro модел. 

Touch ID отклучувањето се покажа како корисна алатка, иако може и без неа да го отклучувате лаптопот автоматски, доколку носите Apple Watch. Ова не вреди за внесување на лозинки. На овој начин само ставете го прстот на сензорот и спремената лозинка се исполнува. Сензорот е воедно и типка што може да ја притиснете, но не морате, може само да го допрете прстот.

Звучниците заземаат голема површина од двете страни на тастатурата и се навистина гласни, просторијата во која седите ви ја исполнува со звук буквално. Ќе ви прави голем мерак кога гледате филм на Netflix.

Батеријата е најголема досега и има 100 ват-часови, што е горната граница за внесување во авион и може да трае до 11 часа. Долготрајноста на батеријата се скратува со потешките операции како што се обработка на видео или играње игри. Лаптопот има активно и пасивно ладење, а вентилаторот се слуша само кога играте тешки игри, инаку е исклучително тивок.

Камера

Вградената камера има само 720 пиксели, а во денешно време ова не е доволно за било каков професионален видео стриминг. Затоа ќе мора да земете дополнителна веб камера, што за pro машината навистина не е оправдано. Овде треба да видиме барем 1080 или 4K камера. Од друга страна имате три микрофони со студиски квалитет со висок квалитет на сигнал и шум – што е корисно за видео состаноци, за што звукот е многу поважен од сликата.

Заклучок 

Како што претходно спомнавме, лаптопот може да го користите како замена за десктоп што може лесно да се пренесува и може да го носите на состаноци надвор од работата иако малку тежи, но многу ќе ви помогне за да го презентирате проектот во вистинско светло. MacBook Pro 16″ дефинитивно вреди и го препорачуваме. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.